CS:GO Quarantine Online vol.2

CS:GO Quarantine Online vol.2

By МЕСА – Македонска еспорт асоцијација
Online, #СедиДома
-
Description
❗❗❗ ПОВИК ДО СИТЕ ГЕЈМЕРИ ❗❗❗

Македонската еспорт асоцијација МЕСА ги повикува сите играчи, обожаватели како и останати кои сакаат да ги покажат своите Counter-Strike: Global Offensive способности да се пријават и покажат кој тим доминира на државно ниво.

🆓 Учеството на турнирот е БЕСПЛАТНО!
Timezone
Europe/Skopje (UTC+02:00)
Prize
No prize information.
Rules
🆓 Како ќе се одвива турнирот?

⭕ Турнирот ќе се одигра од 1-ви до 5-ти јули со почеток во 18:00 часот, додека за време на викендот (Сабота и Недела) со игра ќе се започнува од 11:00 часот.
⭕ Турнирот ќе се одигра по принцип на дупли елиминации (double eliminations) во групната фаза, со што од 64 пријавени тимови ќе се стигне до Топ 16.
⭕ Сите мечеви за време на групната фаза ќе бидат BO1
⭕ Топ 16 ќе се игра со мап вето и ќе биде BO3, по принципот бан-бан, пик-пик. Кој прв банира ќе се одреди преку вртење на паричка на STEAM чат.
⭕ Страна ќе се одбира преку knife round (рунда само со ножеви. Победниците бираат страна).
⭕ Секоја екипа треба да пријави по 5 играчи (препорачуваме да имате уште 1 дополнителен играч како резерва доколку некој од првата петорка не може да присуствува на закажаниот термин. Секако, ова не е задолжително)
⭕ Во roster-от (петорката која игра) минимум 4 членови треба да бидат Македонски државјани.
⭕ Распоредот на натпреварите ќе биде објавен на 30.06.2020 (Вторник) во 18:00 часот, а сите тимови се очекува да бидат на своите места подготвени за игра половина час пред закажаниот почеток на нивната партија. Доколку некој од тимовите не успее да го исконтактира администраторот на 15 минути пред почеток на партијата, тој тим ќе биде дисквалификуван и на негово место ќе биде ставен друг тим од листата на чекање.
⭕ Секој од тимовите за време на натпреварите имаат право на пауза во времетраење од 15 минути..
⭕ Ќе се игра со мап вето, односно наизменично банирање.
⭕ Мапи кои ќе се играат:
de_inferno
de_nuke
de_mirage
de_train
de_vertigo
de_dust2
de_overpass